Почетна » Општини по мерка на децата


Првата детска амбасада МЕЃАШИ објавува оглас за вработување раководител/ка на проект


Контекст и општ опис
Детската амбасада МЕЃАШИ објавува конкурс за вработување на определено време како замена за работничка која користи породилно отсуство од работа, на работно место Раководителка на проектот „Место за растење: општини посветени на децата“, со работен ангажман од 6 месеци со 19 часовна работна недела.

 

Општата цел на проектот е да се зајакнат заложбите на локалните власти за унапредување на правата на децата и учеството на децата во локалното планирање, во пет општини во Македонија: Виница, Дебар, Гостивар, Велес и Кисела Вода.

Потребата за зајакнување на услугите за децата на локално ниво беа адресирани во последните Заклучни согледувања од Комитетот на ООН за правата на детето.

 

Проектот е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во рамки на локалните шеми за поддршка на граѓанското општество на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (2021 EIDHR Supporting a civil society through Country-Based Support Schemes in North Macedonia).

 

Квалификации:

- Најмалку 2 години работно искуство во раководење, спроведување проекти финансирани од Европската унија и/или меѓународни проекти во областа на човековите права и слободи (детските права и проекти со млади ќе се сметаат за предност);

- Одлично познавање на проектен менаџмент и сите аспекти при планирањето и имплементрирањето проектен циклус;

- Напредно познавање и користење на говорен и пишан работен англиски јазик;

- Одлични комуникациски вештини и способност за тимска работа;

- Одлично познавање на MS Office и работа со компјутери;

- Завршено високо образование;

- Професионална етика, одговорно, навремено и уредно завршување на задачите, посветеност кон мисијата на организацијата, организациските цели, целите на проектите и програмите;

- Одлични аналитички способности, работа со рокови, подготвеност за медиумски настапи, способност за навремено и редовно планирање, подготвеност за соработка и способност за поттикнување и мотивирање;

- Иницијативност, организаторски способности и способност за работа под притисок;

- Возачка дозвола Б категорија.